Наместо во самоизолација во Ресен, таа отишла на гости во Кичево

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по поднесените кривични пријави против две лица од страна на Министерството за внатрешни работи, достави предлози за издавање казнен налог за двете лица, информираат од Јавното обвинителство.

Обвинетите во овој случај се товарат дека сториле кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

„Обвинетата која на 17.03.2020 година се вратила од Словенија – земја со среден ризик на зараза утврдена на листата на Светската здравствена организација. Таа на граничниот премин Табановце примила писмена наредба и потпишала изјава со која се обврзува дека во наредните 14 дена ќе спроведе самоизолација во својот дом во Ресен. Наместо да постапи според прописите и да се упати кон својот дом, таа заминала во Кичево во домот на својата другарка. Откако телефонски била контактирана од страна на полициски службеници од ОВР Ресен, пристигнала во својот дом. Со своите дејствија го сторила кривичното дело за кое се товари“, велат од Јавното обвинителство.

Обвинителството наведува дека му предложило на Судот на обвинетата да ѝ биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на дневната глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e