Талентираните ученици од основните училишта во општина Центар добија месечни стипендии. 14 од нив ќе добиваат по 2.000 денари а еден ученик 2.500 денари месечно.
Најубаво уредените училници во одделенска настава и по предметна настава како награда добија ЛЦД Проектор, како и најактивните училишта на фејсбук страната на Одделението за образование. Шест сооодветни подароци за ученици и две награди за училишта учесници во проектот „ И ние децата сме учесници во сообраќајот“.Два велосипеди добија училиштата по пат на жребување.
Признанијата на најдобрите и најталентираните кои се во рамки на одбележувањето на Денот на општината им ги додели градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ. Пред присутните, ученици, наставници, родители, колеги градоначалници и вработени во општинската администрација, вети дека децата се и ќе бидат врвен приоритет и ќе имаат најдобри услови за престој, забава и образование.
„Општина Центар, точно утре полни 41 година.Пред нас се многу предизвици за чие исполнување ќе бидат потребни посветеност и енергија. Центарци ја имаат таа енергија, водени пред сѐ од љубовта кон општината . Се разбира најголемата одговорност ја имаме јас како градоначалник и мојот тим. Ние во предизборниот период дадовме ветувања и цврсто стоиме зад нив. Центар беше Ел Дорадо за урбанистичко дивеење .Ќе го средиме хаосот во Центар од секој аспект. Ќе ги ослободиме тротоарите, ќе направиме сѐ што е во наша моќ да се намали загадувањето“, рече Богдановиќ.
Градоначалникот ги покани присутните заедно утре во дворот на општината на прослава на 41-от роденден на општината
Еве ги имињата на наградените:
1.Најубаво уредена училница во одделенска настава (ЛЦД Проектор)
Ø 4/2одд. Кате Атанасовска одд.наставник
во ООУ„Ј.Х.Песталоци“
2. Најубаво опремен кабинет во предметна настава (ЛЦД Проектор)
Ø Кабинет по историја – Влатко Трошански
наставник по историја во ООУ„Ј.Х.Песталоци“
3 .Најактивни училишта на фејсбук страната на Одделението за образование на Општина Центар-Скопје за учебната 2016/2017 година (две награди);
Ø ООУ„Димитар Миладинов“
Ø ООУ„Гоце Делчев“
4.Награди во врска со проектот „ И ние децата сме учесници во сообраќајот“ (шест награди за ученици и две награди за училишта);
ГРУПА 1 (VI- VII одд.)
Име и презиме на учесникот | Реден број | Училиште | Одделение | |
1. | Александар Грујевски | 17 | ООУ „11 Октомври“-Скопје | VII |
2. | Леонид Тодосов | 18 | ООУ „11 Октомври“-Скопје | VII |
3. | Оја Бугариќ | 16 | ООУ „Димитар Миладинов“-Скопје | VII |
Ø Прва награда кацига за велосипед
Ø Втора награда маица за возење велосипед
Ø Трета награда ракавици за возење велосипед
ГРУПА 2 (VIII- IX одд.)
Име и презиме на учесникот | Реден број | Училиште | Одделение | |
1. | Лука Вугерт | 49 | ООУ „11 Октомври“-Скопје | VIII |
2. | Иван Спасовски | 44 | ООУ „Св. Кирил и Методиј“-Скопје | VIII |
3. | Александар Зафировски | 32 | ООУ „Димитар Миладинов“-Скопје | IX |
Ø Прва награда кацига за велосипед
Ø Втора награда маица за возење велосипед
Ø Трета награда ракавици за возење велосипед
Ќе бидат доделени и два велосипеди на две училишта по пат на влечење од страна на наставничките по техничко образование. Двата велосипеди ќе ги добијат училиштата кои ќе имаат најмногу среќа.
5.Стипендии на 15 талентирани ученици од општинските основни училишта;
Од вкупно 15 стипендисти, 14 стипендисти ќе примаат стипендија од 2 000 ,00 ден месечно, а само 1 ученик ќе прима месечна стипендија од 2 500,00 ден.
1.Елена Карчицка ООУ„Ј.Х.Песталоци
2. Матеј Јовчевски ООУ„Димитар Миладинов“
3. Симеон Гошев ООУ„Димитар Миладинов“
4. Јана Муличкоска ООУ„Димитар Миладинов“
5. Искра Алексовска ООУ„Димитар Миладинов“ 1.
6. Инес Негриеска ООУ„11 Октомври“
7. Сандра Недановска ООУ„11 Октомври“
8. Теодор Димчевски Димитриовски ООУ„11 Октомври“
9. Христина Петковска ООУ„11 Октомври“
10. Тео Китановски ООУ„11 Октомври“
11.Ана Петановска ООУ„Гоце Делчев“
12. Ева Ставрева ООУ„Гоце Делчев“
13.Тамара Цветковска ООУ„Св.Кирил и Методиј“
14. Наталија Димчовска ООУ„Св.Кирил и Методиј“
15. Маријана Лазаревиќ ООУ„11Октомври“- е единствениот ученик кој оваа година ќе прима месечна стипендија од 2 500,00 ден.