МВР во два одделни случаи поднесе кривични за дилери на дрога

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г.Ѓ.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 06.02.2019 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на улица „Милан Зечар” во Скопје, при што пронашле и одзеле хашиш, марихуана, две дигитални ваги со остатоци од марихуана и амфетамин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.З.(26) од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’. Н

На 08.09.2018 година во Тетово, во населбата „Блок 82’’, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и пронашле и одзеле марихуана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e