Секторот за внатрешни работи Битола, Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп за два одвоени случаи поднесе кривични пријави против С.Г. (48) од Кичево и против Н.А.(27) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела – “разбојништво“.
Во вториот случај, пак, на 16-ти овој месец во 06.30 часот, пријавената Н.А, со уште едно непознато лице, извршиле разбојништво во двор од куќа на ул.„Љубен Лапе“ во Прилеп, врз дистрибутер на Прилепска пиварница. Оштетениот излегувал од неговата куќа носејќи со себе најлонско кесе во кое имало околу 96.000 денари од прометот, како и картички и други лични документи. Во близина на гаражата забележал лице со безбол палка во рацете, кое го нападнало, удирајќи го во главата и телото, додека другото лице го удирало од позади. Откако му го одзеле најлонското кесе со парите сторителите побегнале.
Врз основа на добиеното вештачење и преземените оперативно – тактички мерки, двата случаи се расчистени, а лицата се лишени од слобода. Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп, на пријавените им се одредени мерки притвор, за С.Г во траење од 30 дена, а за Н.А. мерка – домашен притвор.