ПС Крива Паланка поднесе кривична пријава против Ж.С.(29) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 08.09.2017 година околу 14,20 часот на м.в Габарско ливаѓе, атар на с.Габар, Крива Паланка пожарникарите од Територијалната противпожарна единица–Крива Паланка кои биле на гасење пожар на наведената локација, го забележале пријавениот како со запалка ја пали сувата трева, по што настанал пожар со кој предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето или на имот од големи размери, при што настанала голема имотна штета каде било изгорено 32 хектари паша и 19 хектари борова шума, сопственост на повеќе лица.