Mладите од СДСМ Велес направија герила акција за ветениот а ненаправен Затворен пазар

Младите на СДСМ од општинската организација од Велес денеска организираа герила акција за ветениот а неостварен проект за затворен пазар кој градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев им го вети на граѓаните.

Од велешката младина на социјалдемократите велат дека е голем расадник на таленти и во натамошниот период ќе продолжат со иновативни герила акции преку кои ќе ги покажат нереализираните дела ветени од страна на Чадиев кон граѓаните.

“Ние младите од СДММ-Велес денес направивме герила акција за ветениот а неостварен проект Затворен Пазар кој беше ветен но не и реализиран од страна на Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес. СДММ-Велес е голем расадник на паметни млади кои даваат феноменални идеи, јас се гордеам што сум дел од СДММ-Велес !
П.С. Со ваква младина победата е загарантирана во Велес, затоа што како изјави Премиерот: ,,Младите се двигател и важен фактор за иднината на Македонија”, вели Владимир Христовски, еден од лидерите на Шарената револуција во Велес.

21768041_1827676397262347_6247292506334492561_n (1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e