Младеновска: Нема никакви проблеми со греењето во училиштето, родителите да бидат спокојни

Демант на објавата од  ОУ,,Христијан Тодоровски-Карпош,, Ранковце во врска со текстот што излезе во електронскиот  медиум dnevno.mk на ден 29.01.2019 година во кој се вели дека училиштето се соочува со проблеми со греењето.

Демантот на училиштетот го пренесуваме целосно.

 

Раководството на училиштето најостро ги демантира ваквите наоди, клевети и невистини бидејќи ниту  еден ученик ниту пак родител не се пожалил дека во училиштето е ладно.

Системот за затоплување постојано е во функција и ниту во еден момент не престанало да работи. Инаку  за информација која што е од јавен карактер за само една година во училиштето се изведени следните активности:

  1. Реконструкција на осум училници и сите тоалети за учениците во централното училиште;
  2. Изградено е надворешно спортско игралиште за потребите на учениците;
  3. Направена е реконструкција на стар дрвен под во пет училници во ПУс.Псача и е поставена нова изолација и нов под од ламинат;
  4. Преадаптирана и реновирана е една просторија за нова библиотека во ПУс.Псача за потребите на учениците;
  5. Набавени се вкупно 50 нови клупи во централното училиште во Ранковце за учениците од 6 до 9 одделение;
  6. Набавени се 175 нагледни средства за подобра реализација на наставата по речиси сите предмети како за централното така и за подрачните училишта ;
  7. Набавени се 600 лектирни изданија за потребите на училишната библиотека како во централното така и во подрачните училишта;
  8. Реализирани се три обуки за целиот наставен  кадар од овластени провајдери се со цел подобрување на наставата за учениците.

Како што е изјавено сите овие активности се реализирани за само една година од моето раководење во училиштето  и сето ова што е реализирано е водејќи се од интересите на учениците.

Апелирам ваквите ситуации да не се злоупотребуваат за никакви цели а родителите и децата да бидат спокојни. Квалитетно греење на училниците има и ќе има до крајот на школската година.

Продолжуваме да градиме и работиме за учениците во училиштето и да изградиме едно здраво општество.

Христина Младеновска, Директор на ОУ,,Христијан Т.-Карпош, Ранковце

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e