На 23.05.2020 во 13,15 часот на локален пат за Средно Водно во Скопје патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.А.(29) од Скопје удрил во моторцикл „априлија“ со германски национални ознаки управуван од М.Х.(27) од Скопје.
По незгодата М.Џ. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.