Митовски: Нема да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне

Јас и мојот брат како сопственици на Etno Gostilnica Vodenica Tri и Select Caffe донесовме одлука дека во периодот што следи нема
да отпуштиме ниту еден вработен по цена на тоа дури и фирмата да ни пропадне.

Прво ние знаеме што значи во животот да се НЕМА.

Второ, ние НИКОГАШ неможеме и НЕМА да заборавиме дека на нас кога ни беше најтешко во животот и кога некој се обидуваше да не сотре со милион препреки, вработените секогаш беа тука за нас и ни даваа целосна подршка со нивниот ведар дух и ентузијазам, впрочем по нешто што сме и надалеку препознатливи.

Трето бидејќи нашата фирма е повеќе од еднo големо семејство ние одлучивме дека и последниот денар што го имаме ќе го поделиме со нашите вработени.

Во животот ние се соочивме со многу предизвици, имавме безброј падови и успеси.
Ќе успееме и сега ….

Сашко Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e