Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска присуствуваше на 20 -тата Регионална пензионерска ревија на песни, музика и игри во градот, чијшто домаќин беше Здружението на пензионери од Крива Паланка и Ранковце.
-Имав чест да им се обратам на пензионерите посакувајќи им здравје и многу вакви настани на кои се презентираат традицијата и фолклорот што им ги пренесуваат на идните генерации. Како највозрасни и најискусни граѓани на заедницата, пензионерите се дел од нашиот живот како непресушен извор на поуки. Наша обврска е да се грижиме за нив и да ги почитуваме, посочи Митовски на средбата.


