Митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Кр.Паланка се претвори во фијаско

Долгонајавуваниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ во Кр.Паланка вечерва се претвори во фијаско. Иако се најавуваше рекордна посетеност, настанот се претвори во мини митинг со посетеност двојно помалку од оној на владејачката партија СДСМ и нивниот кандидат, Борјанчо Мицевски.

22323304_10210488213025085_1522835836_n

Интересно беше тоа што за цело време преовладуваше тивка атмосфера без никакви скандирања и поддршка за говорниците. Некаде пред крајот, додека сеуште траеше говорот на Никола Груевски голем дел од присутните почнаа да го напуштаат плоштадот “Карпошово востание”.

За овој митинг на ВМРО-ДПМНЕ и овие избори исто така интересно е што првпат се случува да нема огномет по завршување на митингот.

Со оглед на поддршката која ја имаат кандидатите од двете партии, полека но сигурно се надзира кој ќе биде победник на локалните избори закажани за една недела од сега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e