Министерот Бочварски донираше храна за ранливите категории на граѓани во Гази Баба

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски заедно со градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, донираше храна за ранливите категории на граѓани во општина Гази Баба со што се вклучи во акцијата „Месец на хуманоста-Гази Баба се грижи“.

Целта на хуманитарната акција е да се подигне свеста кај граѓаните за поддршка на најранливите категории на граѓани. Токму затоа во текот на месецов ќе се донираат облека, храна и мебел за лицата од ранливите категории.

– Веќе покажавме поддршка преку економските мерки што ги донесовме во овие услови, усвоивме и четврт пакет мерки кои се однесуваат на финансиска помош на лица со ниски приходи, пасивни баратели на работа и пензионерите. Мора да покажеме свест како граѓани, нашата хуманост и сплотеност да ја изразиме токму преку вакви акции, а преку институциите системски да работиме на подобрување на состојбата токму на овие категории граѓани, изјави Бочварски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e