Мицевски вети поголема поддршка на граѓанските организации

Денеска, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски оствари средба со граѓанските организации.

22089802_745692018953824_309616748750987317_n

-Дел сум од овој сектор долги години и сметам дека тие имаат огромна улога во креирањето на развојот. Имавме продуктивен разговор. Ми ги посочија проблемите со кои се соочуваат и заеднички го започнуваме процесот на нивно решавање. Ветив дека максимално ќе ги децентрализирам активностите на општината, вели Мицевски.

22154383_745692025620490_765852740881333118_n

Настаните како културни манифестации, спортски настани, едукативни обуки и слично, во кои како покровител се наоѓа општината, преку целосно транспарентна процедура, кандидатот на СДСМ ветил дека ќе бидат организирани и спроведувани од самите граѓански организации. Со тоа го ќе се отвори кругот на развој од кој сите добиваат. Граѓанските организации ќе добијат повеќе средства за активности и ќе го зголемат својот капацитет, а општината подобри и поквалитетни настани заради стручноста на здруженијата во конкретната област.

22221528_745692015620491_4539138642275349208_n

-Покрај ова ветив дека ќе се заложам за формирање на младински културен центар, но и креирање на фонд за спорт и невладини организации, со што нема да се доведе во прашање нивната егзистенција и активно учество во градењето на капацитетите на општеството, додаде Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e