Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка од редовите на СДСМ и коалицијата, Борјанчо Мицевски, со дел од советниците беше во посета на с.Конопница. Во рамки на посетатам се сретна со консултантите Oskar Coronel од Аргентина и Huseyin Yavuz од Турција.
Како заклучок од средбата е дека Мицевски заедно со консултантите ќе работи на подготовка на проект за ставање на Селска Река во с. Конопница во систем за наводнување на земјоделските површини на околу 2500 жители.
Овој проект е ставен и во изборната програма на кандидатот на СДСМ, проект од голем интерес за земјоделското производство. Со овој проект исто така ќе се реши и проблемот со непречен дотур на вода за пиење со оглед на тоа дека домаќинствата во летниот период ја користат водата и за наводнување ,поради што и доаѓа до рестрикции.