Денеска кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски заедно со носителот на советничката листа, Изабела Павловска се сретна со стечајните работиници.
“Со донесениот ,,Закон за стечајци’’ од страна на Собранието, најголем број од стечајните работници од нашата општина месечно ќе добиваат по 7596 денари. Со овој потег исправивме една неправда кон оваа категорија на граѓани”, изјави Мицевски.
По средбата со стечајците кандидатот за градоначалник со дел од кандидатите за советници оствари средба со работниците од текстилната, кожарската и конфекционерската индустрија.
“Разговаравме за новиот закон за повисока минимална плата од 12 000 денари. Се обврзавме дека ќе работиме во интерес на зголемувањето на работничките права. Укажавме дека со изградбата на гасоводната мрежа, трошоците на компаниите значително ќе се намалат”, потенцираше Мицевски.