Се интензивираат средбите со граѓаните на Крива Паланка. Наидувам на топол пречек и верба дека работите ќе бидат сменети на подобро. Вечерва се сретнав со граѓаните од поранешен Житни магацин и населба Илинден. Укажавме на важноста од промени и презентирав проекти од програмата од економски, социјален и културен аспект, изјави кандидатот на СДСМ за градоначалник на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.
За овие делови од градот дел од предвидените инфраструктурни проекти на Мицевски се:
– замена на асфалтот на двата крака на улица Гоце Делчев и изградба на потпорни стени на критичните места
-реконструкција на улицата Крушевска и асфалтирање на улица Осоговска
-промена на азбесните цевки
-одвојување на атмосферската од фекалната канализација
– изградба на мини парк за рекреација, зголемување на бројот на контејнери за отпад.