Мицевски од митингот во Кр.Паланка: Ќе работиме со многу љубов и разбирање, Крива Паланка ќе биде модерна и современа општина

Интегрален текст од целиот говор на кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

borjanco1

Добравечер горда и достоинствена Крива Паланка
Добравечер победнички граду мој
Добравечер херои на деценијата

Во изминатите 10 години се будевме  со поривот на отпорот, растевме со звуците на „Бела чао“, заспивавме со боите на шарената револуција.

Сер Винстон Черчил рекол
Кога поминуваш низ пекол, не запирај, продолжи да одиш.
Сите вие мои херои во овие 11 години поминавте низ пекол! Го имате мојот респект и длабок наклон. Ви честитам на храброста упорноста, достоинството и енергијата со која зрачите денес, и покрај се,  низ што поминавте.

Светлината на денот ни е на дофат. Издржавме многу, ќе издржиме уште две недели.
Јас немам дилеми и знам дека од Крива Паланка на 15 ќе тргне големиот караван на победи.

Да се биде градоначалник на општина Крива Паланка,  не е пат на личниот успех и кариера. Да се биде градоначалник на една општина пред се е чест, но уште повеќе одговорност, обврска, многу напорна, чесна , искрена и макотрпна работа.

22184883_10210449064886406_1701453856_n

Како прв човек на општината мои приоритети ќе бидат:

  1. Да градиме инфраструктура за сите

Кога мислам на инфраструктура мислам на: патна, водоводна, канализациона, гасификациона.

Гасификацијата на Крива Паланка ќе биде еден од основните со кој ќе обезбедиме поевтин енергенс за бизнис секторот и јавните институции но и помалку средства за затоплување на домаќинствата, заштита на зелените појаси околу градот и здрава животна средина.
На Крива Паланка и е потребно и ново и современо архитектонско и хортикултурно решение за уредување на градскиот плоштад и парк, со подземна сообраќајница и паркинг простор за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.  Ќе инвестираме во паркинг локации во централните и периферните делови на градот. По главната градска улица кон здравствениот дом ќе изградиме нови и современи тротоари, ќе изградиме сервисна улица на потегот од  Дом на култура до Маневски Мост, нова улица кон населба Мечковци во Белево.

Но не само во урбаниот дел, ќе инвестираме и во нови правци за поврзуванје на Крива Паланка преку Лисец со хидросистем Злетовица и преку Тораница кон Македонса Каменица, од Слатиње кон Голеш и од с.Огут кон Трговиште Р. Србија. Со сето она што е заложба на оваа Влада за изградба на коридор 8 со нов автопат и железничка пруга кон Р. Бугарија, Крива Паланка ќе биде порта за влез и излез  кон соседните европски дестинации.

Ќе изградиме колектор за фекални води, ќе ја прошириме канализационата мрежа кон приградските населби, во с. Конопница и населба Мизовски Ливади и Стамболици.

Преку ИПАРД програмата ќе инвестираме во нови бушотини за снабдување со вода во руралните средини.

Линкот кон селата ќе го зајакнеме со воспоставување на локален линиски превоз на релациите кон селата Огут, Нерав, Луке, Узем и Мождивњак.

Со консултатнти од Турција и Аргентина веќе работиме за изградба на системи за водоснабдување на земјоделските површини во с.Конопница и с.Мождивњак.

Ќе го решиме пристапот со патот кон населба Крстата Падина, ќе инвестираме во поврзување на Мизовски Ливади во правец кон Градец и Габар. Ќе инвестираме во механизација за одржување и расчистување на локалните и селските патни правци кон с.Нерав, Огут и Подржи Коњ.
Ќе го решиме проблемот со водоснабдување на селата Луке, Жидилово и Дубровница.

borjanco3

Моето мото ќе биде транспарентна, отчетна и одговорна локална самоуправа во служба на граѓаните.  Ќе го чувам секој вработен како што го чувам и почитувам моето семејство. Секој во текот на работното време треба да биде пред се професионалец и на своето работно место. Ќе воведеме ИСО стандарди за квалитет во работата. Буџетот ќе се носи на отворен и транспарентетн начин, седниците на совет ќе бидат отворени за јавност и ќе се пренесуваат на видео бим на јавна локација во градот. Ќе воведам  награда  „Административен работник на годината“ по согледување на граѓаните. Недозволиве е ресурсите на општината да се трошат за политички активности. Мизерно и под секое ниво на чест е да се бара од вработените во општината и општинската администрација на своите лични профили на ФБ да постават слика од актуелниот градоначалник и мој против кандидат. Во редовите на мојата администрација ќе нема место за криминалци и наслиници како оние кои што на 27 април посегнаа по интегритетот на законодавниот дом и животот на пратениците.

Месните заедници ќе бидат основна клетка во процесот на носење на одлуки на локално ниво. Ќе ги обновиме и реорганизираме. Моја заложба е секоја месна заедница да има едно вработено лице кое ќе биде линк со општината. За проблемите ќе имаме правовремена информација и тековно ќе ги решавање. Ќе го вратиме поранешниот начин на функционирање на овие облици на месна самоуправа.  Програмите и стратегиите ќе бидат подготвени со реални барања, потреби и сугестии. Ќе оформиме фонд за кофинасирање на МЗ. Имено за секоја сума во вид на донација од страна на жителите во МЗ, општината ќе биде обврзана да кофинасира уште со толку финасиски средства или материјали. Во поголемите села ќе ги обновиме месните канцеларии и селските амбуланти. Ќе воспоставиме волонтерски сервис за помош на стари лица и самечки домаќинства во руралните средини.

Кон селата ќе воведеме редовен линиски превоз, кој за пензионерите ќе биде субвенциониран два пати месечно.

Буџетот ќе се троши транспарентно и одговорно, со пари од граѓаните нема да се купуваат како до сега пегли и фенови за коса, нема да се плаќаат репрезентации и непродуктивни трошоци.

НВО и спортските здруженија за средства од општинскиот буџет ќе можат да конкурираат со програма и на јавен конкурс. Ќе ги наградиме успешните спортисти, спортските терени и објекти ќе станат достапни за сите.

Ќе инвестираме во нови и современи технологии за работа на општинскиот совет и општинската администрација.

Со посебни мерки и субвенционирање ќе дадеме еднакви можности и за странските и за домашните инвеститори. Ќе отвориме неколку локални погони за преработка на земјоделски производи и шумски плодови. Ќе понудиме пристојно работно време и плата за вработените во текстилната, кожарската, конфекционерската и рударската индустрија. Бизнис секторот е и ќе ни биде партнер и промотор на подобри услови и живот за сите нас, а не дејност преку која со рекет и нарачани инспекции и казни ќе се полни државниот и општинскиот буџет. Ќе востановиме годишна награда „Стопанственик на годината“ за да стимулираме подобри услови и плати за вработените од различните дејности. Успешните ќе ги наградиме, помалку успешните ќе ги стимулираме да бидат како успешните, а останатите ќе ги подучиме да ја следат конкуренцијата.

Калин Камен и Осоговието изобилуваат со природно и културно историско наследство. Тие нудат низа на можности за развој на зимскиот, рекреативниот, велосипедскиот, верскиот  и алтернативниот  туризам. Сето тоа ќе биде ставено во функција на одржлив развој на општината. Водопадите на Козја Река, археолошкиот локалитет во с.Градец, брендот Воденица, традиционалната храна и фолклор се само еден мал дел од потенцијалот за развој на селата Дурачка Река, Станци, Дренак, Градец и регионот во целина.  Прекуграничната соработка ќе ја зацврстиме и унапредиме, а со збратимените општини ќе работиме на диверзитет на полињата за соработка.

Покрај развојот на економијата ќе работиме и на развојот и унапредување на квалитет на живтна средина за сите. Употребата на нови и обновливи извори на енергија, употребата на гасот како енергенс, изградбата на забавни паркови и катчиња за одмор и рекреација, трим и велосипедски патеки е само еден мал дел за подобра и задрва околина. Со изградбата на колекторскиот систем, корито на Дурачка Река, дислокација на градската депонија од с. Конопница, редовно собирање на сметот и проширување на мрежата, опфатот и начинот на управување со цврст отпад, изградба на мини забавен аква парк, ќе придонесе за животна срдина со која сите ќе се гордееме. Сметките за комунални услуги ќе ги намалиме во првите 100 дена од мојот мандат за 15%.

miting_palanka

Ќе градиме општина за сите и за младите и за возрасните
Со тоа што ќе ја направиме Крива Паланка да биде модерна и современа општина за сите, ќе ја запреме миграцијата. Ќе инвестираме во подобрување на условите за претстој во воспитно-образовните институции, и во градот и во селата, ќе инвестираме во нови надгледни средства и помагала. За нас младите се столбот и иднината на ова општество. Мораме да ги задржиме тука! Тука да формираат семејство и тука да ја гледаат својата иднина. Новороденчињата ќе се раѓаат во знак на љубов и почитување, а не по сила на закон за трето дете и пензија. Ќе работиме на личниот и професионален развој, на подготовка на младински програми и стратегии. Ќе оформиме Младински културен центар кој ќе ги обедини младите по сите основи без разлика на возраст, верска, етничка и политичка припадност.  Ќе оформиме општински сојуз на спортови затоа што само во здраво тело има здрав дух. На Крива Паланка и е потребен затворен базен, а на учениците поголем број на часови за спорт и рекреација. Ќе обезбедиме бесплатни ВИ ФИ зони на неколку локации во градот.

Покрај младите нема да ги заборавиме и возрасните. Ќе работиме на тоа тие да бидат среќни и пристојно да си ги живеат пензионерските денови покрај своите внуци. Ќе инвестираме во уредување на просторот на клубот на пензионери, нивното дворно место, но и отворање на клубови во поголемите рурални средини. Ќе го субвенционираме нивниот превоз на локално ниво, ќе организираме културни, забавни и спортски содржини. Општината ќе биде нивна прва потпора. Ќе работиме на територијата на Крива Паланка со ЈПП да отвориме дом за стари лица.

Се на се, ќе работиме со многу љубов и разбирање за сите вас.

Можам да зборувам на сите човечки и светски  јазици, па дури и на ангелски, но штом љубов немам, ништо не сум. Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, не завидува, не се гордее, не прави ништо непристојно, не прави зло. Љубовта на неправда не се радува, знаеа да се извини, во се верува, љубовта се издржува, на добро се надева дека ќе и биде вратено со добро.

Токму затоа ќе речам: Ви ја поклонувам сета моја љубов, разбирање, искреност, чесност, посветеност  и трудољубивост. Од вас само ја барам вашата доверба за да на 15 да вдахнеме Живот во Крива Паланка за сите.

Ако претседателот Заев рече за нас зборот е збор, јас ќе додадам за мене зборот е закон.
Ако Заев рече дека ќе сруши режим со пенкало, јас велам ќе ја освоиме локалната власт со нашата подадена рака на чесност искреност и многу љубов.

Ајде на 15 изборниот резултат од Крива Паланка да одекне како бомба, но сега не како оние на Заев, туку како aтомска, која ќе најави голема, огромна победа

За Живот во Крива Паланка за сите,
За Живот во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e