Мицевски од Белево: Населбата Мечковци ќе добие нов модерен пат

Бројни жители на населбата Белево, вечерва дојдоа да ги слушнат пораките и програмата за локалните избори, на кандидатот за градоначалник Борјанчо Мицевски. Тој рече дека оваа населба заслужува поголемо внимание затоа што околу 800 луѓе живеат овде, со свои проблеми и потреби. Пред насобраните граѓани Мицевски вети подобра и услужна општина, поквалитетни и сигурни услуги од страна ЈП Комуналец, за првите сто дена намалување на сметките за вода за 15% како и почисти улици и навремено собирање на сметот.

gsfgs

– Вчера бев во посета на конфекцијата Веибо, со менаџерскиот тим разговаравме за плановите кои ги имале и кои ги имаат за инвестирање во општината. Задоволен сум што покажуваат интерес да инвестираат не само во текстилот, туку размислуваат за можности за преработка на волна, сончеви колектори и слично, што за мене дава надеж дека, нема ова да биде само ветување, како што правеше претходната владејачка гарнитура, туку конкретни проекти, кои ќе понудат нови работни места и развој на општината, рече Мицевски.

Посочи дека населбата Мечковци подолг период има проблеми со патната инфраструктура а населението во овој дел од градот има големи проблеми особено во врнежливите и снежните месеци.

– Се работи за капитален потег во изградба на модерен асфалтиран пат, кој ќе овозможи полесно движење на граѓаните од оваа населба кон централното градско подрачје и другите населени места во Крива Паланка, дециден беше Мицевски.
22140778_745370755652617_5477201772847491332_n

На средбата присуствуваше и се обрати и носителот на советничката листа Изабела Павловска, која рече дека расположението и желбата за промени се познава кај секого.

-Од сите средби се чувствува таа позитивна енергија кај луѓето кои им даваат мотив да успеат да донесат живот во Крива Паланка. Ќе работиме подеднакво за сите и нема да ги делиме луѓето како што тоа го прават сега, ќе работиме и ќе реализираме се што е во ваш интерес, посочи Павловска.
22140879_745370598985966_7402291366281408558_n

За населба Белево во програмата на Мицевски предвидено е:

– изградба на асфалтен пат кон мала Мечковци
-асфалтирање на левиот крак од Македонски шуми до горното проширување во населбата
– решавање на сообраќајниот хаос во населбата
– доуредување на долот до сливот на Крива Река, негово редовно прочистување и изнаоѓање на пристап до домовите
-доуредување на уличките и тротоарите позади зградите кај станицата за технички преглед.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e