Изјава за медиуми
Почитувани,
Крива Паланка е една од ретките општини која нема затворен зелен пазар со уреден паркинг простор.
Затворениот пазар е еден од клучните приоритетни проекти на идната локална власт предводена од СДСМ.
Нашиот план предвидува архитектонско решение кое ќе обезбеди соодветен трговско деловен простор наменет за поставување на тезгите како и соодветен паркинг простор кој може да се користи и во деновите кога не е пазарен ден, намалувајки го со тоа сообраќајниот хаос во градот.
Со цел да го олесниме движењето предвидуваме изградба на кружен систем на движење на возилата, со изградба на дополнителна лента околу самиот зелен пазар.
Со овој проект Крива Паланка ќе го реши долгогодишниот проблем и ќе обезбеди места и за оние трговци кои досега немаа добри услови и својата дејност ја извршуваа на улица или на тротоари.
Затворениот зелен пазар, независно од временските услови, ќе овозможи земјоделците секојдневно да ги пласираат своите производи а не само во пазарните денови а граѓаните да се снабдуваат со свежа храна, секој ден.
Драги сограѓани,
Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат нов, модерен пазар. Ние стоиме на нашите ветувања дека до крајот на мандатот тој ќе биде изграден и затоа ја бараме вашата поддршка за овој и за многу други проекти во интерес на сите граѓани.