Кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски попладнево заедно со носителот на кандидатската листа за советници, Изабела Павловска имаше средба со граѓаните од населба Лозаново и населба Бегови бавчи.
“Голема енергија и сплотеност за промени гледам кај граѓаните. Ветувам дека нема да ги разочарам и дека ќе се борам да живеат среќно и достоинствено тука во Крива Паланка. Вечерва дополнителен елан и поддршка за имплементација на нашите проекти добив од граѓаните на Лозаново и Бегови бавчи”, изјави Мицевски.
За нив предвидувам:
– асфалтирање на краците на уличките во Бегови Бавчи
– модерна регулација на Куков Дол
– изградба на пат кој ќе ја поврзува населбата Лозаново со магистралниот пат
– поставување на гелендери за помош при движење на пешаци во зимскиот период
– нови контејнери за отпад во населба Лозаново
Мицевски покрај другото истакна и дека ќе биде зајакната улогата на месните заедници со сопствен печат и жиросметка и колку што месната заедница ќе најде пари, општината ќе биде должна уште толку да кофинансира.
Приградските средини ќе имаат приоритет во развојот. Нема да оставиме ниту едно место без пат и канализација, дополни Мицевски
Откако еден од присутните се пожали дека неговото дете иако е на повеќе од 2км. од училиштето не го следувало превоз, носителот на листата на советници Изабела Павловска изјави дека никој нема право да им го одзема на граѓаните тоа што им припаѓа.
Бидете спокојни, ние такво нешто нема да дозволиме, изјави Павловска.