-Културата е битен елемент во нашето секојдневие и треба да се негува и покаже особен интерес за нејзин понатамошен развој. Синоќа присуствувавме и дадовме поддршка на изложбата на академските ликовни авторки, Петра Јовановска и Валентина Илијевска. Бевме дел и од презентацијата на документарниот филм „Остани различен“ на нашата сограѓанка Марија Ди Бјаџо, докажан бизнисмен и креатор на спортска облека, информира кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.