Мицевски: Благодарам за огромната поддршка, ве уверувам ќе бидам градоначалник на сите

Почитувани сограѓани, драги пријатели, борци за слобода и демократија,
Дозволете ми длабоко од срцето и душата да Ви се заблагодарам за огромната поддршка со над 7000 гласа која ми ја дадовте. Вашата поддршка стимулира, дава енергија но и обврзаува на посветена, макотрпна, искрена и чесна работа за доброто на сите Вас, за доброто на Крива Паланка. Ве уверувам дека ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, етничка или политичка определба.
Мирните, демократските и фер избори кои ги спроведовме вчера, се заслуга на сите вас. Покажавме и докажавме како се води една модерна, современа и европска кампања.
Ги заокруживме промените за живот во Македонија, за Живот во Крива Паланка за сите.
Радувајте се! Вие го заслуживте тоа!
Нека ви е среќна и долговечна победата!

Борјанчо Мицевски, избран градоначалник на Крива Паланка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e