Во текот на вчерашниот ден во 21.40 часот на булевар „1-ви Мај“ во Битола, В.Т.(43) од Битола, управувајќи патничко возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот Е.Н.(27) од Битола.
Од ударот Е.Н. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничката болница Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.