Традиционално, по повод Деновите на Општина Карпош, во организација на локалната самоуправа, Заводот за трансфузиологија и „Црвениот крст“, денеска се организираше крводарителна акција во општината. На две локации, во спортската сала на ООУ „Лазо Трповски“ и на мостот „Влајко“, во Влае, граѓаните од 09-17.30 можеа да даруваат крв.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, истакна дека карпошани се хумани луѓе, кои секогаш даруваат крв за да спасат човечки живот.
Во денешната акција, се вклучи и Панче Димковски, кој по јубилеен, стотти пат, даруваше крв. Како што истакна Димковски, преку 40 години, дарува крв, со цел да спаси нечиј живот.