„Медиумско описменување за критичен младински став“-проект за медиумска писменост на младите основци претставен во општина Крива Паланка

Младите основци од општините Крива Паланка, Ранковце и Кратово ќе се учат за медиумска писменост и креирање критички став преку обуки и работилници во рамки на проектот „Медиумско описменување за  критичен младински став“.

Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка,носител на проектот ги претстави планираните активности што ќе се спроведат во соработка со медиумскиот партнер, веб-порталот „Аберџија“ од Кратово и основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“  од Крива Паланка, „Христијан Тодоровски Карпош“ од Ранковце и „Кочо Рацин“ од Кратово.

-Целта на проектот е креирање на критички став и младински активизам за позитивни општествени промени преку медиумска писменост кај учениците од основните училишта, а како целна група се опфатени учениците од деветтите одделенија од наведените четири основни училишта. Во напливот на дезинформации и неконтролирано ширење лажни вести,  стекнувањето вештини за медиумска писменост и критичкото опсервирање на медиумските пораки се од исклучителна важност -изјави Жаклина Цветковска од „Каартс“, Центар за аудиовизуелни уметности, Крива Паланка.

Свое обраќање имаше и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, директорите на основните училишта”Илинден” и “Х.Т.Карпош”, Марица Николовска и Христина Младеновска, претставник од “НВО Инфоцентар”, Елена Симоноска и Ирена Белешковска, новинар во МИА,кои ја истакнаа важноста од правилно едуцирање на младите во насока на критичко размислување и препознавање лажни вести.

Со проектот предвидено е да се одржат четири работилници, четири едукативни сесии за безбедност на интернет содржини, ќе се спроведат анкети за евалуација, ќе бидат изработени десет прилози и десет видео пораки од младите,а ќе се реализираат и по една младинска акција во секое од училиштата.

Проектот „Медиумско описменување за критичен младински став“ се спроведува со поддршка на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и „Евротинк“- Центар за европски стратегии, во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност-КриТинк“, финансиран од Европската Унија, ќе се реализира во период од шест месеци, со финансиски средства од околу пет илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e