Маж пријавил дека вчера бил нападнат во скопски Аеродром. Како што информира полицијата, во 13:15 часот во СВР Скопје, 44-годишниот Б.Ј. од Скопје пријавил дека на булеварот „Јане Сандански“ бил физички нападнат од две лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.