Марин: Лажните вести на Коневски нема да му помогнат во намерата да се одржи на власт

Ивица Коневски, кандидатот за градоначалник во Аеродром од редовите на ВМРО – ДПМНЕ преку курирските портали повторно ја лаже јавноста, обвини неговиот противкандидат од СДСМ, Златко Марин.

“Лажните вести нема да му помогнат во намерата да се одржи на власт. Тој преку лажни монтажи се обиде да ја манипулира јавноста дека јас сум гласал за ДУП во Аеродром за кој тврдам дека не гласав. Еве ја вистината и разоткриената манипулација на Коневски. Имено, од записникот јасно се гледа дека биле присутни 27 членови а гласале 26, воздржани нема и против нема. Јасно се гледа дека еден советник, јас, не гласал за овој ДУП.

21558594_1917400515192898_7921859911547497476_n

На втората фотографија , Ивица се обидува да изманипулира со тоа што присуството на седницата го прикажува како листа на оние кои гласале! Но, лагата се гледа на самиот лист. Имено, претседавачот подвлечен со црвено не е во вброените.

Со него има 27 советници. Ивица манипулира дека листата на присуство е листа на оние кои гласале”, вели Марин. 

21557531_1917400511859565_7354984715348603099_n

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e