„Општина Аеродром, според груба проценка, инкасира над 40 милиони евра од комуналии, а инвеститорите четири пати повеќе”, информира канадидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин.
Според него, сегашното раководство на општината дозволило на урбаната „мафија“ да ја втурне населбата во долгогодишен градежен хаос.
„Граѓаните се сведоци на хаосот што настана со изградба на 48-те нови згради и висококатниците, поради коишто, често има прекин на снабдувањето со вода и проблеми со електричниот напон. Аеродром сака да дише. Затоа на Аеродром му се потребни промени“, вели Марин.