Златко Маррин во текот на вчерашниот ден оствари средба со млади од Општина Аеродром. На средбата тој најави дека од 15 Октомври заедно со тимот ќе поттикнат вработувања на што поголем број млади, со цел тие да ја планираат и да ја градат својата иднина во Општина Аеродром. Планирано е да се организираат обуки за самовработување на млади лица, како и финансиска и административна помош за отворање сопствени мали бизниси на лица помлади од 32 години.
Новата власт, како што вели Марин ќе работи неуморно за подобар живот на младите во општина Аеродром.