Марин: Аеродром ќе стане општина која ќе овозможи поддршка и услови за сите ранливи категории на граѓани

“Во следните четири години Аеродром ќе стане општина која ќе овозможи поддршка и услови за сите ранливи категории на граѓани. Ќе работи на инклузивност во образовниот процес и ќе изгради Центар за згрижување на лица со попреченост.

Досега општина Аеродром не се ангажира да им обезбеди простории прилагодени за подобрување на нивните вештини, образование, здравствена нега, квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.

Новата локална власт ќе адаптира детки игралишта за деца со попреченост, сензорни соби во склоп на градинките, детски игралишта за инклузивност, пристапни рампи во училиштата како и соодветни пристапи до сите јавни објекти.

Ќе иницира помош за лица жртви на семејно насилство во урбаните и руралните заедници. Интензивно ќе работи на надминување на предрасудите и стереотипите во односите меѓу мажите и жените. Ќе понудиме поддршка на активности во детските градинки и училиштата во општината што ќе овозможат сензитивност за родовата еднаквост уште од најмала возраст и ќе воведеме финансиска поддршка на почетните инвестиции на социјални претпријатија основани од млади жени до 30 години.

Во следниот мандат ќе соработуваме со невладините организации, граѓанските здруженија кои се стручни во соодветните области. Ќе им овозможиме поддршка на здруженијата и лицата на кои им е потребна.

Согласно ингеренциите и соработката со Централната власт ќе изградиме нова амбуланта. Во Населба Лисиче. Исто така ќе формираме фонд за нега и лекување деца, социјално загрозени лица, како и специјален  социјален  фонд за потребите на граѓаните во исклучителни случаи (пожари, поплави и сл.). Ќе обезбедиме средства за превентивни здравствени прегледи на населението, а ќе организираме и едукативни работилници за подигнување на нивото на свест за здравствената грижа кај жените, со цел рано откривање на малигните заболувања кај жените, како и потреба од здравствена грижа кај жените од третата доба.

Овие промени доаѓаат на 15 октомври, затоа што секој граѓанин заслужува соодветни услови за развој и напредок во својата општина”, изјави денеска на пресконференција кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e