Вчера во посета на граѓаните во населбата Железара беа министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и кандидатот за градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски. Граѓаните на Железара подолго време бараат соодветно решение за ул.„Гемиџиска“ 2, која е небезбедна за сообраќај и е потенцијална опасност за пешаците. Георгиевски посочи дека Железара покрај предвидената реконструкција на улицата ќе добие и нови детски катчиња, терени за мал фудбал и ракомет, инфраструктурни проекти, нов Дуп кај ОУ ,,Глигор Прличев,, и изградба на нова просторија за пензионерите. Манчевски рече дека локална власт на ВМРО-ДПМНЕ има реализирано малку ивестиции во овој дел од општината,новата локална власт ќе обезбеди подобри услови за живот на граѓаните.
Во Камник, Георгиевски беше со министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Таму проблем е селективниот пристап по основ на партиска припадност за легализација на земјишта и добивање имотен лист за сопственост. Георгиевски посочи дека новата локална власт ќе работи за сите граѓани подеднакво – независно партиската и верската припадност. Сугаревски напомена дека секој граѓанин има право на еднаков пристап до институциите и законите и во тоа ќе се уверат граѓаните по 29 октомври.
Промената на локалната власт ќе биде промена за подобар живот за сите, соопштуваат од ОО СДСМ Гази Баба.