Малолетник нападнат со метална шипка во автобус

Дванаесет лица нападнале 15. годишен малолетник со метална шипка, при што му нанеле повреди во пределот на ногата.

Инцидентот се случил во автобус со број 81. Напаѓачите влегле во автобусот од автобуската постојка во с. Бразда и го извршиле нападот пред да слезат на следната постојка.

Момчето со приватно возило било пренесено во Градска општа болница каде му биле констатирани телесни повреди и е пуштено на домашно лекување.

Случајот го пријавил возачот на автобусот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e