Макрадули во Пробиштип: Градинката и училиштето стануваат енергетско ефикасни

Градоначалникот на Пробиштип Драган Атанасов денеска заедно со заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули ги посетија институциите кои добија средства по повикот од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2020 година.

2На овој повик општина Пробиштип аплицираше и доби средства за целосна замена на столаријата во ЈОУГД Гоце Делчев, објект Изворче, чијашто реализација е во завршна фаза, како и за хортиклутурно уредување на дворната површина во објектот Срничка, која ќе следи во периодов, беше информирано на средбата.
За ООУ „Никола Карев“ се обезбедени средства за замена на системот парно на нафта, дрва и јаглен во чилер систем на топлотни пумпи, со што се намлуваат трошоците за греење, се подобруваат условите за настава во училиштето, но истовремено и најважно се намалуваат емисиите на штетни гасови и директно се подобрува животната средина.

„Благодарност до Владата на Република Северна Македонија и Министертсвото за животна средина. Продолжуваме да работиме за подобрување на животната средина, како еден од врвните приоритети на нашата општина.“ – порача градоначалникот на Пробиштип Атанасов.

градинка„Ме радува фактот што и општина Пробиштип и поранешната општина Злетово, оваа година се еден од примерите за имплементација на Планот за чист воздух, согласно нашите заложби, да не постои административен објект на државна институција којшто ќе загадува.“ – порача Макрадули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e