Македонски шуми: Кривопаланечките училишта и противпожарна единица навреме ќе добијат огревно дрво

Градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски на пресконфернција обвини дека основните улилишта, гимназијата, домот за ученици и територијалната противпожарна единица од градот ќе останат без дрва за огрев и заради тоа што на тендерот за снабдување со огревно дрво не се јавиле да учествуват Македонски шуми.

Од ЈП Македонски шуми категорично ги отфрлаат ваквите обвинувања. Од таму велат дека кога бил распишан првиот тендер тогаш на функција била старата гарнитура и таа одлучувала за тоа, за вториот тендер сеуште не биле реализирани кадровските промени во подружниците низ земјава, додека пак за третиот тендер како што велат од таму  не учествувале, бидејќи не можеле да ја извади потребната потврда од ујп поради заостанати стари долгови на претпријатието.

-Што значи, без таа потврда документацијата би била некомплетна, а со тоа и фактички не можеле да конкурираат на тендер – велат од претпријатието.

Сепак од таму смируваат дека напластените проблеми и долгови од претходната гарнитура полека се решаваат и дека институциите нема да останат без огрев.

Извор: Канал 77 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e