Имаме концепт на слобода и концепт наречен режим, притисок, мобинг, имаме концепт кој не носи во интгеграција не само во НАТО и ЕУ меѓутоа, туку и концепт кој ни ги отвора сите модерни текови во светот и Европа, да ги пренесеме и овде кај нас во државата. Со СДСМ одиме чекор напред со ВМРО ДПМНЕ се враќаме два три чекори назад, порача синоќа членот на Централниот одбор на СДСМ, Сања Лукаревска на средба со месното население во село Конопница во Крива Паланка.
Лукаревска потенцира дека на 12 април граѓаните ќе мора да бираат помеѓу два различни концепта, концепт за просперитет и еден концепт кој што сака да не врати назад односно да не врати пак во изолација.
– Владината програма која ја предвидовме и со самото формирање на Владата на СДСМ на чело со тогашниот премиер Зоран Заев има огромен број на мерки за различни целни групи ,за различни сфери во општеството меѓутоа дел од тие мерки иако се спроведливи заради скромноста која ја има нашата партија затоа што не сакаме да ги узурпираме медиумите па и да излегуваме од фрижидер од дома што се имаме направено, ние решивме сето тоа да го утврдиме преку дела, да утврдиме дека навистина во економијата има огромно подобрување. Од -1,8 економски раст сега во моментов е плус 3, 6 % , 60 илјади вработувања се отворени во овој мандат, краток мандат со неколку изборни циклуси. Во новиот мандат од 4 години кој што е повеќе од сигурно дека ќе го добиеме на 12 ти април, ќе се отворат 100 000 работни места, 300 % ја зголемивме социјалната помош, го поткренавме животниот стандард, повеќе од 27 илјади семејства добиваат социјална помош, нема веќе деца по инстистуциите, сите се сместени во топли семејства и домаќинства како и што доликува, посочи Лукаревска.
Членот на ЦО на СДСМ, пред мештаните, повтори дека за време на нивниот мандат ја зголемиле минималната плата од 9.000 на 14.500 ден а кога на сево ова,како што рече таа, ќе се додадат и субвенциите на придонесите за повисоки плати можело да се каже дека го вратиле дигнитетот и нивото на функционирање на секој работник. Рече дека просечната плата во наредниот мандат исто така ќе добиела соодветно зголемување до 36.000 денари, меѓутоа тоа, според неа,не може да се очекува дека ќе го направат за еден ден, туку постепено од година во година.
– Имаме 300 милиони евра инвестици а ако додадеме 300 милиони евра европски пари значи 600 милиони евра, со што ќе имаме напредување на економијата. Мислам дека повеќето од вас скенираат сметки преку апликацијата Мој ДДВ а слушнав дека овде во Конопница имаме и добитник на награда од наградната игра значи дека ги враќаме парите кај граѓаните, максимумот кој може да се врати за едно тромесечје е 1800 денари. На почетокот опозицијата велеше тоа е популистичка мерка, нема да враќаме пари, лажат СДСМ од кога во декември ги вративме парите за јули, август и септември, тогаш не кажаа ништо ама кажаа дека не биле доволно сега тие средства да ги враќаме назад. Утре да треба да враќаме и по 500 евра пак ќе речат ние ќе враќаме 600 евра, меѓутоа тоа се два концепта на вистина и лага и ќе се соочиме на 12 април каде ќе се знае дека секој пат вистината ја победува лагатаи затоа СДСМ и ќе победи, истакна Лукаревска.
Луакревска се осврна и на големите инвестиции на инфраструктурен план, големите поддршки за земјоделците, потсети на заложбите кои ги правеше Љупчо Николовски кога беше министер за земјоделство но и сега, враќање на честа и угледот на нашиот земјоделец кој ќе најде свое место во новата владина програма. Таа зборуваше и за прв пат враќање на персонален данок кај сите оние земјоделци чија што основна примарна дејност е земјоделството, повеќе од 16.000 земјоделци веќе имаат поврат на средства назад од персоналниот данок, сите оние други дополнителни мерки во делот на откуп на тутун, авионско прскање на земјиштето се со цел развој и унапредување на земјоделското производство. Лукаревска се осврна и на покачувањето на платите во образованието, здравството, културата, државната администрација.
– Правдата секако ќе биде приоритет број 1. Во наредниот мандат секој чесен судија, оние судиии кои работат согласно Закон и Устав ќе бидат на пиедестестал наместо сите оние судии кои што чуваат предмети во фиоки и сакаат намерно нивно застарување и со тоа да ја злоупотребат нивната положба. Претседателот Заев денес објави нова вест дека ќе се укинат патните трошоци на сите оние пратеници кои доаѓаат од внатрешноста, дека тие пари ќе се насочат кон други области каде навистина се најпотребни. Пред некој ден почна акцијата Македонија без кал каде секоја општина доби соодветни средства се со цел да ја унапредат инфраструктурата, да придонесат за нови проекти, Крива Паланка е навистина одличен пример дека локалната власт знае да ги менаџира проблемите и да работи успешно, заврши Сања Лукаревска повикувајќи ги мештаните на 12 април да го дадат својот глас токму за вистинскиот концепт кој ја води државата на прав пат.
Градоначалникот на Крива Плаанка Борјано Мицевски, пред насобраните граѓани посочи дека во изминатиот период откако раководи со локалната самоуправа, покажал дека колку си поупорен и колку повеќе си посветен во својата работа резултатите пристигнуваат сами по себе.
– Само оваа недела за два три дена потпишавме неколку крупни проекти за крупни инвестиции во општината, првиот од проектите беше во износ 1 милион евра за подобрување на патната инфраструктура во градот. И во атарот на село Конопница ќе се гради патен правец кој е како пристапен пат до градските гробишта и продолжува со спојување со горниот дел на населбата а напоредно со тоа се разгледуваат уште неколку патни правци за кои имаме доставено проектна документација. Вчера е распишан тендер за поднесување на понуди за Регулација на дел од минор коритото на Крива Река, во висина од 30 милиони денари, од Министерството за животна средина добивме средства за промоција на системот за затоплување во Детската градинка Детелинка и тоа е се постигнато за само неколку дена, потенцира првиот човек на градот.
Мицевски информираше и за потпишаниот договор за ревитализација на градскиот плоштад и парк, средства во висина од 662.000 евра обезбедени во рамките на проектот за локална и регионална конкурентност за кој е распишан тендер и целиот процес трае околу еден месец.
– Не запираме со сите активности кои ги започнавме во изминатиот период, направен е еден од краците на таа канализациона мрежа кој е во непосредна близина на Домот во селото а се проектира и патен правец зад Домот. Се проектира и нова улица која ќе тргнува од градскиот зелен пазар по течението на левата страна на Крива река и ќе излегува некаде кај Станицата за технички преглед на моторни возила, и бројни други проекти, најави градоначалникот.
Првиот човек на Крива Паланка,рече дека покажале оти со домаќинско работење на општината која ја наследил со долг од околу 60 милиони денари во моментов општината ги подмирила сите трошоци од претходно и во моментов располагале со околу 20 милиони денари со кои можат да ги сервисираат сите тековни трошоци за бројните проекти.
– Потпишавме меморандум за проектот „Македонија без кал“ за 1.000.000 евра за подобрување на локалната патна инфраструктура. Имаме изградба на локален пат во село Голема Црцорија, делница од асфалт маала Рупје, до маала Баратлици со вкупна должината од 2,5 км, изградба на локалниот патен правец во с.Трново во должина од 500 метри. Отпочнаа градежните работи за модернизација на патниот правец до граничниот премин Деве Баир, преку изградба на трета лента, екипи на Гранит почнаа со активности за расчистување на теренот каде ќе минува трасата за побезбеден и побрз транспорт на патници и стока кон соседна Бугарија, изјави Мицевски.
Мицевски порача дека во Крива Паланка се гради и ќе се гради уште повеќе затоа граѓаните на 12 ти април ќе знаат да го направат вистинскиот избор и ќе го препознаат вистинскиот концепт за сигурна иднина на сите нас.