Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во изборната единица 3, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил, објави видео од изградбата на регионалниот пат од Свети Николе до Куманово со кој ќе се подобри транспортот на луѓе, стоки и услуги, а тоа значи економски раст, брза и лесна комуникација и зголемена трговија.
„Германија е? Чешка? Или можеби #ДомаСиЕдома 👍
45 километри преубав регионален пат од Свети Николе до Куманово. За да раснеме економски, да комуницираме, да тргуваме!
Да бидеме подготвени за она што не чека. Влеговме во НАТО, почнуваме преговори со ЕУ. Следат убави години Подготвени сме и можеме! Уште подобро 🇲🇰❤“ – порача Николовски.