Генералниот секретар на владејачката СДСМ, Љупчо Николовски ја објави убавата вест за кривопаланчани. Една од најголемите балкански музички ѕвезди, Петар Грашо, на 29 август ќе ги забавува граѓаните на Крива Паланка на голем концерт на Градскиот плоштад.
“Голем концерт на Petar Grašo и неговиот бенд на 29-ти Август, денот на Св.Јоаким Осоговски и празник на општината, на градски плоштад во #КриваПаланка.
За Крива Паланка и нашите сограѓани! – напиша на Фејсбук, Николовски.
“Ако те питају”, “Ко нам брани”, “Уторак”, “Сад те се само рјетко сјетим”, “Једина”, “Вера од сувог злата”… се само дел од хитовите на Грашо со кои ке ужива кривопаланечката публика.