Љупчо Николовски: Нов и модерен плоштад во Крива Паланка – гордост и симбол на градот

Генералниот секретар на СДСМ и носител на листата во изборната единица 3, Љупчо Николовски, на својот Фејсбук профил, објави видео како ќе изгледа новиот плоштад во центарот на Крива Паланка.
„Нема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво и заедно. Денеска споделувам уште една добра вест. Почетокот на реконструкцијата на Градскиот плоштад во нашата Крива Паланка“ – напиша Николовски.

„Со реализацијата на овој проект ќе добиеме нов и модерен плоштад, кој ќе биде наша гордост. Ќе биде симбол на нашиот град.

Проектот е овозможен преку тесна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Владата предводена од СДСМ. Наша обврска и задача е да соработуваме со сите општини, заеднички да обезбедиме што побрз напредок и развој.
Тоа и го правиме. Така и ќе продолжиме!“ – порача Николовски на денот кога започна реконструкцијата на паркот и плоштадот во неговиот роден град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e