Голем број полициски екипи има пред познатата пекара „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата,
станувало збор за дојава за бомба. „Имаше дојава дека станува збор за непозната направа и во моментов полициските екипи се излезени на терен“, велат од МВР.
Неофицијалните информации од полициските екипи на терен се дека всушност станувало збор за вага, и дека тие ќе се повлечат од местото.
Засега блокирана е целата улица од Архитектонскиот факултет до Силбо.
Извор: а1 он