СДСМ во Општина Теарце на овие локални избори ќе излезе со своја советничка листа која ќе ја предводи претседателот на Општинската Организација, Лазар Ѓорѓевски. Ова беше очекувано решение, затоа што Ѓорѓевски е долгогодишен активист а во последните 4 години ја предводи општинската организација на СДСМ во Теарце
Од СДСМ не информираа дека според анкетите , се очекува резултатот од минатите парламентарни избори не само да биде потврден туку и зголемен во нивна корист, и СДСМ да учествува со 3 свои членови на Совет во Општина Теарце.
Дознаваме дека после неколку циклуси, СДСМ повторно имаат свој кандидат за градоначалник, а тоа е членот на Централниот Одбор на СДСМ и поранешен претседател на Општинската Организација во Теарце , Боби Петрушевски. Тесна ќе биде борбата кој ќе влезе во вториот круг. Теарце беше актуелно по прегласувањето на парламентарните избори 2016, кога во ИМ 2011 имаше неправилности. На прегласувањето СДСМ имаше убедлива победа наспрема ВМРО ДПМНЕ.