-Еден од клучните проекти за нашата општина, согласно начелата за подобрување на инфраструктурните услови за граѓаните, а со тоа и развој на економијата, се врши целосна реконструкција на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште кој е од најголемо значење поради фактот што голем број на граѓани секојдновено ја користат оваа патна делница, порача градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов-Ладич информирајќи дека деновиве завршува реконструкцијата на регионалниот пат Пробиштип – Крупиште во должина од 18 километри – инвестиција во вредност од 212.751.569 денари, финансирана преку ЈПДП.
Регионалниот пат Пробиштип – Крупиште е најфрекфетен регионален пат во општина Пробиштип, поради тоа што преку него се врши поврзување со двете соседни општини Штип и Кочани, вели градоначалникот на Пробиштип.