Кумановскиот суд во еден ден изрече 10 000 евра казни за прекршување на мерките

Основниот суд во Куманово во текот на вчерашниот ден донесе четири пресуди против четворица кумановци кои не постапувале согласно здравствени прописи за време на епидемија. Двајца од нив се казнети со по 123 илјади денари (2 000 евра), а другите двајца добиле казни од по 184 500 илјади денари (3 000 евра). Вкупната сума на казни во овие четири случаи е 10 000 евра.

Еден кумановец е казнет за прекршување на мерката изолација, кој наместо да седи дома по враќањето од странство излегол надвор.

Една казна е за газда на угостителски објект кој на 10 март бил затекнат како послужува гости.

Останатите двајца кумановци се казнети бидејќи се движеле во време на полицискиот час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e