Претседателот на Здружението “Напредни лозари”, Трајче Кулев изрази јавна благодарност до премиерот и сите останати кои помогнаа лозарите да си го наплатат долгот што винарските визби го имаа кон нив.
-Ова е голем успех за градот и за тиквешијата. Сакам посебно да се заблагодарам на премиерот, на градоначалникот на Кавадарци, на пратениците и сите што помогнаа. Ова беше макотрпна работа, колку толку да се реши проблемот. Не остануваме тука, ќе продолжиме понатаму да ги решаваме проблемите на лозарите и да ставиме крај на ова безредие. Мораме да најдеме начин, лозарите да не останат без пари. Секој лозар треба да си ги добие парите и неговата мака да се плати. Уште еднаш да се заблагодарам и во иднина да не ни се повтори, рече Кулев.