Крвава тепачка во Стајковци: Му го удрил автомобилот, а потоа викнал другари да го претепаат

Жител на скопско Стајковци пријавил дека додека излегувал со неговиот автомобил од дворот, од задната страна го удрило друго возило марка „мазда“ со скопски регистрации, информираа од полицијата.

Возачите почнале да се договараат како да ја решат незгодата, а по некое време возачот на „маздата“ зборувал телефонски по што пристигнале уште две лица со „џип“. Почнале да го тепаат по 49-годишниот маж од Стајковци по што тој паднал удирајќи се во тротоарот и се онесвестил.

Подоцна со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e