Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на Ковид-19.
Исто така МЗ соопшти дека во болнички услови починати се 5 лица меќу кои и 69-годишна кривопаланчанка.
Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.