Кривични пријави против активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Кр.Паланка

Денеска, активистот на СДСМ Крива Паланка, Орце Спасовски додека преку аудио запис го најавуваше утрешниот митинг на СДСМ во Крива Паланка, беше нападнат од страна на локални активисти на ВМРО – ДПМНЕ.

Спасовски за И-Портал раскажува како се случил настанот:

– Поминувајки низ населбата Единство, ромите кои имаа некаков собир ја блокираа улицата. Еден од главните активисти на ВМРО – ДПМНЕ од Крива Паланка за месниот комитет Единство, дојде до мене и почна да ми се заканува да сум го изгаснал звукот од автомобилот преку кој се повикуваше за митингот на СДСМ бидејки тука имало некаков собир, по што јас се извинив и реков дека не сум знаел дека тука такво нешто се случува. Веднаш потоа дојдоа и уште неколку активисти на партијата за по кратко време автомобилот да биде опколен од дваесетмина лице кои почнаа да ми удираат тупаници и ми се обраќаа со навредливи зборови.

И-Портал дознава дека случајот е расчистен од страна на полицијата и ќе биде поднесена кривична пријава против три лица за кривично дело насилство, по член 386 од Казнениот законик на Р.Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e