СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 40-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 27.04.2020 година во 21,50 часот на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, каде полициските службеници преземале мерки за време на полицискиот час, забележале и сопреле патнички автомобил „Фолксваген Пасат“ со охридски таблици, управуван од 40-годишно лице од Охрид. Откако констатирал дека поседува дозвола за движење, издадена од Министерство за информатичко општество, полицискиот службеник, на охриѓанецот, му дозволил да си оди и му ја вратил дозволата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Димоски додава дека во тој моментот, пријавениот му упатил закани, пцовки и други вербални навреди на полицискиот службеник, излегол од возилото и физички го нападнал.