Кривична за маж кој ја тепал сопругата и три дена ја држел заклучена

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А.(40) од село Франгово, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 10.01.2019 година во село Франгово, во домот на пријавениот, по претходна вербална расправија, тој физички ја нападнал неговата сопруга, по што таа се обидела да избега. После тоа, пријавениот ја заклучил во соба и ја држел три дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e