Крива Паланка: Одржан општински натпревар за изработки од рециклирачки материјал “Еко пакет 2019”

Во Крива Паланка се одржа општинскиот натпревар за изработки од рециклирачки метријал “Еко проект 2019” во организација на еко-одборот на ОУ “Јоаким Крчовски”. На овој натпревар беа пристигнати вкупно 80 различни изработки, по што од страна на стручната комисија беа избрани трите најдобри. Темата на овој конкурс со натпреварувачки карактер беше изработка на електрични уреди од домаќинството со тетрапак амбалажа. На темата работеа вкупно 63 тима, а секој од тимовите се состоеше од по 5 ученици под водство на своите наставници – ментори. Еден од главните услови на конкурсот беше делата да бидат 75% изработени од тетрапак пакување, а 25% од останати материјали.

57183795_276934796575466_8300085133436780544_n

Пристигнаа исклучително интересни, оригинални и креативни творби кои заначително ја отежнаа работата на комисијата во изборот на трите најуспешни изработки кои ќе се претстават на овагодинешното национално натпреварување – изјави Маја Златковска,  претседател на еко-одборот на ОУ “Јоаким Крчовски”.

Во организацијата на конкурсот активно учествуваа здруженијата “ОХО” и “Пакомак” кои за државното натпреварување ќе доделат три вредни парични награди за најдобрите. Учеството на конкурсот е овозможено балгодарение на заложбите на одговорните од ОУ “Јоаким Крчовски” за реализација на еколошки активности, исполнување на еко-стандардите и обврските кои со себе ги носи одговорноста на поседување зелено знаме, епитет кој училиштето “Јоаким Крчовски” го заслужува по трет пат.

57012575_591388794712078_9105603552562118656_n 56819783_2288637844531276_4999022597430575104_n

56641429_266316380980706_8913528517686198272_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e