Крива Паланка: ЈП „Комуналец“ доби ново возило за смет

ЈП “Комуналец” доби донација од Јапонската амбасада, ново возило за смет од марката Митсубиши во вредност од околу 61.000 евра.

Јавна благодарност до Јапонската Влада и сите кои помогнаа во овој процес за почиста Крива Паланка упати првиот човек на општината Борјанчо Мицевски.

Со најавата за уште 4 возила во скоро време, и тоа две нови и две половни, значително ќе се подобри техничката опременост и возниот парк на претпријатието, што претставуваше сериозен проблем во изминатите години. – информираат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e